Thursday , October 19 2017
Home / Авто-Мото Свет / Кога најновата технологија ќе добие тунинг; BMW i8 од AC Schnitzer

Кога најновата технологија ќе добие тунинг; BMW i8 од AC Schnitzer

Кога ќе помислите дека нема веќе што да се направи околу најновата автомобилска технологија да биде поатрктивна, се обраќате на едни од малкумината тунери кои биле доволно храбри за да ги испробаат своите способности на технолошки најнапредниот автомобил на BMW, моделот i8.

Во моментов станува збор за познатиот тунер AC Schnitzer кои доработија и изведоа најкомплетен i8 досега, а беше претставен на Мотор Шоуто во Женева оваа година. Овој пат момците од AC Schnitzer се одлучија да не мешаат прсти во перформансите на автомобилот поради задржувањето на екстремно ниската емисија на штетни гасови. Она што го направија е го спуштија за 25мм напред и 20мм назад за да добие поагресивен изглед и го наредија со карбон. Спортскиот Баварски автомобил доби специјална сатенска црвена боја, додека карбонските елементи се околу целиот автомобил. Преден сплитер, прагови, заден спојлер, голем заден дифузер и отвроите за воздух на хаубата, се она што го прават овој проект посебен.

 

Check Also

Ова се 5-те електрични автомобили од кои плачат најмоќните супер автомобили

Tesla направија име за себе како производител на електрични автомобили на кои брзината не им …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *