Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Коста Николовски после Кичево 2: Од неизвесен настап, до вистинско уживање!

Коста Николовски после Кичево 2: Од неизвесен настап, до вистинско уживање!

Возачот на Custom Car Racing Коста Николовски изгледа дека сериозно влегува во класата до 1400 кубни сантиметри.

После ридската трка во Крушево со автомобилот Peugeot 106, тој одлучи да се проба и на кружна трка со истиот. Потпомогнат од Custom Car Racing, воедно и организатори на оваа трка, Николовски изјави дека ова беше вистинско уживање за него:

„Прво сакам да ги пофалам Custom Car Racing за организацијата која беше на високо ниво. Без доцнење, со пренос во живо… вака треба да изгледа една трка, иако немаше голем број на автомобили. Прв пат возам ваков автомобил на кружни патеки, а чувството е незаменливо.

Автомобилот го склопивме само еден ден пред трката, при што мојот настап беше доста неизвесен, бидејќи имавме доста работа после ударот во Крушево. Моторот достигнуваше висока работна температура, па затоа морав да возам со вклучено парно греење за да може автомобилот да се лади, додека внатре во автомобилот речиси беше невозможно да се седи.

Стартував од седмата позиција во дивизијата, а завршив на втората позиција во класата позади Мартин Делев со кој и тоа како добро се извозивме. Дефинитивно фалеше Марио Велковски кој не настапи на оваа трка, инаку ќе беше многу поинтересно.

Огромна благодарност имам да искажам до Custom Car, Excide акумулатори, Никосан-ЈЗ, Мојсије Милосавлевски, Зизи и Пајче кои дојдоа да ме бодрат, а исто така и до вашата редакција. Огормен поздрав до сите и се гледаме на Скопски Круг!“ – изјави Николовски за БрзКруг.

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *