Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / Кој е Христо Ковачи?

Кој е Христо Ковачи?

Речиси секое дете има желба да вози, но дали има желба да се натпреварува? Малкумина ја имаат желбата да се натпреваруваат, Онака посветено, жестоко, емотивно… Едно дете од тој мал број кои ја имаат жештината во себе е Христо Ковачи.

Од обично рекреативно пробување на рентален картинг во Арт Картинг центарот во Скопје, Христо почна да зборува и да прашува кога ќе дојде следен пат, кога повторно ќе седне позади волан. Тој следен пат стана веќе следниот викенд.

Само 10-те минути станаа уште 10, уште десет и уште 10 и тука ја покажа неговата амбиција и заинтересираност да го доживее како нешто што мора да го прави. Така започнува целата приказна.

Подоцна беше купен тркачки картинг, а добронамерните совети во кој правец да се движи тимот на младиот Ковачи дојдоа од Константин Ангеловски и Игор Богатиновски.

После совладувањето на патеката во Арт Картинг центарот, тимот на чело со неговиот татко Аргир започнува да бара нови предизвици, а прва дестинација им беше патеката во Солун каде што стапија во контакт со Cosmosrally Кart Academy која работи со подготовки на натпреварувачи и се состои од сериозен тим со механичари, тренери и телеметристи кои професионално му помогнаа на Христо во тренинзите.

Во текот на тренинзите на радоста и немаше крај, дури и лошото време, студот и дождот, не му сметаа во неговите тренинзи, со тоа што посебно задоволство му претставува возење по дожд. Моментално, на свои седум години, покрај картингот, тренира и кошарка, а во слободно време слуша музика и пешачи, одржавајќи ја кондицијата на високо ниво. Исто така за неговите тренинзи во Бугарија одговорен беше Тошо Јаначков со кого изградија доста добар однос помеѓу себе.

Поради возраста Христо како член на Custom Car Racing Team зема учество во два шампионати, а иако најмал, тој покажува одлични резултати и големи амбиции. Тој сака да е цело време во акција и апсолутно не е важно од која позиција стартува, има една цел, како до стигне до првиот и како да го пројде.

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *