Saturday , December 7 2019
Home / Latest Articles / Кружна трка Бања Лука: Миловановиќ најбрз на Залужани, Вуков со победа

Кружна трка Бања Лука: Миловановиќ најбрз на Залужани, Вуков со победа

Перфектно поминат тркачки викенд на Залужани

Изминатиов викенд на патеката Залужани крај Бања Лука се одржа кружна трка која се бодуваше за Српскиот шампионат, Централно Европска Зона и за домашниот шампионат на Босна и Херцеговина, а по тој повод одлучивме после ридската трка во Котор, да ја проследиме оваа кружна трка пред нашето заминување на ридската трка Малачка близу Сплит, викендов кој следува.

На трката учествуваа возачи од БиХ, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Нашите двајца претставници беа Ристо Вуков и Димитриј Кимовски кои постигнаа доста високи резултати.

Најбрз на патеката во најсилната класа беше Немања Миловановиќ во Seat Leon TCR каде извојува убедлива победа пред Јоспиповиќ (Lada Vesta), Котромановиќ (Seat Leon) и Кнего (Seat Leon TCR).

Ристо Вуков кој се натпреварува во Српскиот шампионат во автомобилизам на кружни патеки, после освоената пол позиција во класата Југо Хибрид во цаботата, ја поведе трката и после возбудливите борби и промени на челната позиција со неговиот најсериозен конкурент Часлав Тошиќ, успеа да дојде до уште една победа.

Ова за него е втора победа после првата во Нови Сад и се наоѓа на првата позиција во генерален пласман. Втор заврши Часлав Тошиќ додека на последната позиција на подиумот се искачи Душан Настасијевиќ.

Димитриј Кимовски, покрај учеството во Српскиот шампионат се одлучи да вози две трки во сабота и недела кои се бодуваа и за шампионатот на Централно Европска Зона. Кимовски успеа да дојде два пати до втората позиција во класата D4-2000 остварувајќи висок резултат исто така.

Победата ја однесе Хрватскиот возач Маро Франиќ од АКК Дубровник Рејсинг додека позади Кимовски заврши домашниот натпреварувач Жељко Кукиќ. Милан Брозниќ беше четврти, ппред Омер Самарџиќ и Марко Адамовиќ.

На патеката се возеа уште четири дивизии со вкупно околу 80 возачи. Целосните времиња по дивизии и класи ќе можете да ги најдете на сајтот Timingsolution.mk, кои беа одговорни за мерење на време на патеката.

Check Also

WRC: И покрај новите три посади во Toyota, Латвала останува во тимот

Финскиот возач Јари Мати Латвала не успеа да го задржи своето седиште во Јапонскиот тим …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *