Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Кружна трка во Кичево, за старт на возбудлива сезона

Кружна трка во Кичево, за старт на возбудлива сезона


Зимската пауза помина, време е за возбудлива тркачка сезона

За разлика од претходните сезони, зимската пауза пред оваа сезона беше исполнета со нетрпение и најави за можно дополнување на Македонскиот шампионат со куп натпреварување. Така се роди Renault Twingo купот во Македонија, прво како идеја, а подоцна со реализација на Аутомотив Груп.

Renault Twingo како автомобил е доста спор на тркачки патеки бидејќи сме ги прателе на лице место на неколку тркачки патеки како Ред Бул Ринг, Словакиаринг, Хунгароринг и други, но бара неверојатна прецизност, бидејќи тешко се поправа грешка со овој автомобил. Renault Twingo располага со 78 коњски сили, но кога се сите исти автомобили, тука возбудата станува поголема.

Поради тој факт, најавуваме доста интересна тркачка сезона во која Renault Twingo купот ќе биде дел од Македонскиот автомобилски шампионат. Мартин Делев и Давид Малинковски ни се единствените познати возачи од тркачките кругови кои ќе се натпреваруваат во ова куп натпреварување, а познавајќи ги нивните возачки способности, очекуваме да бидат на високи позиции.

Помеѓу другите возачи, на првата трка учество ни најави Димитриј Кимовски кој автомобилот Honda Civic Type-R што го набави на крајот од минатата сезона беше подложен на целосен преглед и подготовки за новата сезона, со кој Кимовски ќе настапи во класата до 2000 кубни сантиметри.

Во класата Југо 1150А исто така следи возбудлива сезона, а очекуваме интересна борба и во класата до 1600 кубни сантиметри. За да бидеме сигурни во информациите, ќе мораме да ја почекаме првата официјална листа на возачи.

18-19 Maj – Кичево (кружна трка)
1-2 Јуни – Кичево (кружна трка)
22-23 Јуни – Кичево (кружна трка)
19-21 Јули – Водно (ридска трка)
27-28 Јули – Крушево (ридска трка)
31 Август – 1 Септември – Ушче-Белград (кружна трка)
14-15 Септември – Кочани (ридска трка)
5-6 Октомври – Скопје (кружна трка)
12-13 Октомври – Авала-Белград (ридска трка)
26-27 Октомври – Водно (ридска трка)

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *