Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Кружна трка – „Голема Награда на Нови Сад 2018“ – Квалификации

Кружна трка – „Голема Награда на Нови Сад 2018“ – Квалификации

Денес на уличната патека Мишелук во Нови Сад започнува српскиот шампионат во автомобилизам на кржуни патеки, а тимот на БрзКруг ќе ве известува со информации од местото на настанот.

По тој повод на денешните квалификации се појавија 88 автомобили во пет дивизии.

Во првата дивизија во класата „Југо Мал Н“ од пол позицијата ќе стартува Никола Лазаревиќ, пред Драган Гајиќ и Вукашин Стевановиќ.

Резултати:

Од пол позицијата на највозбудливата класа Југо Хибрид ќе стартува Душан Настасијевиќ кој извози најбрз круг на денешните квалификации. Веднаш позади него од втората позиција ќе стартува Часлав Тошиќ, пред Јован Лазаревиќ и Марко Павличевиќ.

Резултати:

Во третата дивизија прв ќе стартува Радослав Вукосављевиќ, пред Дејан Татиќ и Милан Станивук во класата 4, додека во класата 5 за пол позиција се избори Драган Филиповиќ, пред Вук Раденковиќ и Бојан Симиќ.

Резултати:

Во четвртата дивизија, во најсилната класа Е1 од пол позицијата ќе стартува Немања Миловановиќ кој после доста пехови денес го гледавме доста расположен бидејќи немаше никакви проблеми со автомобилот. Позади него ќе стартуваат Алекса Радојковиќ, Стефан Нешиќ, Александар Маринковиќ. Во класата СП Мирко Миловановиќ се избори за пол позиција, пред Дарко Божиловиќ, Драган Стојковиќ, Дејан Чоловиќ, Александар Тошиќ и Слободан Јовановиќ.

Резултати:

Петтата дивизија се состои од Фиќо Купот, а од пол позиција ќе стартува Александар Радисављевиќ, пред Никола Екмешчиќ и Марин Радичев.

Резултати:

 

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *