Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / Кружна трка Кичево – тренинг (Резултати)

Кружна трка Кичево – тренинг (Резултати)

Со трката во Кичево овој викенд, започна шампионатот на Македонија во автомобилизам

Денес на патеката во Кичево се одржаа тренинзи и квалификации за утрешната трка. Во перфектни временски услови се одржаа тренинзите и квалификациите за трите дивизии, во кои влегува и новоформираниот Renault Twingo Cup.

Во дивизија 1, популарната Југо класа, пол позицијата ја освои Ристо Вуков, додека до него од втората позиција ќе стартува Михајло Лазаревски, пред Георгиј Наков и Александар Георгиевски на третата и четвртата позиција.

Дивизијата 3 ја сочинуваат три класи и тоа Е1-1600, Е1-2000 и Е1+2000. Димитриј Кимовски беше најбрз во неговата класа Е1-2000 како и во цела дивизија што значи дека ќе стартува од пол позицијата. Никола Попевски ќе стартува од пол позицијата во класата Е1-1600, додека Екрем Мемиши че стартува од третата позиција во дивизијата и прва од неговата класа Е1+2000.

Во дивизија 3, Renault Twingo Cup, Томислав Трајковски ја освои пол позицијата, додека од втората позиција ќе стартува Мартин Делев, пред Давид Малинковски на третата позиција и Емил Нацка на четвртата.

Слободниот тренинг е од 10 часот, свеченото отварање на натпреварот е од 11:30, додека стартот на утрешната прва трка е од 12 часот.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *