Saturday , December 15 2018
Home / Latest Articles / Кружна Трка Кичево 2018 – Извештај

Кружна Трка Кичево 2018 – Извештај

Изминатиот викенд на кружната патека во кругот на касарната во Кичево се одржа првата трка од шампионатот на кружни патеки во Македонија.

На трката беа пријавени 26 натпреварувачи во различни класи, додека неколку од нив не стартуваа поради проблеми со автомобилите на квалификациите и недостаток на хомологирани резервоари за гориво.

На квалификациите во класата Југо Група А до 1.150 кубни сантиметри пол позицијата ја освои Георгиј Наков со време од 1:15.846, пред Александар Георгиевски со време од 1:17.507 и Никола Попевски со време од 1:18.309. Мартин Делев и Филип Василевски не ги завршија квалификациите, Василевски поради проблеми со моторот.

Како дел од втората дивизија, беа класите Е1-1600 и N-1400, а најбрз во дивизијата беше Филип Џуклески со автомобил Југо со време од 1:14.682, пред Дарко Ангеловски со време од 1:15.234 и Перо Георгиевски со време од 1:22.267 во класатата Е1-1600, додека Марио Велковски имаше најбрзо време во класата N-1400.

Во третата дивизија ги имавме класите Е1-2000 и Е1+2000. Во класата Е1-2000 пол позиција освои Даниел Блажевски со автомобил Renault Clio со време од 1:12.324, што беше најбрзо време генерално во Кичево, а позади него беше Даниел Младеновски со автомобил Honda Civic во класата Е1+2000. Трет во дивизијата стартуваше Давид Малинковски, пред Бојан Петрушевски.

Победа во класата Југо Група А-1.150 кубни сантиметри победа извојува Александар Георгиевски пред Никола Попевски и Мартин Делев.

Во класата N-1400 победа извојува Мартин Делев, додека во класата Е1-1600 најбрз беше Дарко Ангеловски пред Филип Џуклевски, Перо Георгиевски и Александар Димитровски.

Во Е1-2000 победа славеше Даниел Блажевски, пред Давид Малинковски и Бојан Петрушевски, додека трката не ја завршија Југослав Милошевски, Александар Ангеловски, Бојан Тодороски и Марко Мишевски. Во Е1+2000 најбрз беше Даниел Младеновски пред Валон Јаха, Миле Тодоров и Ненислав Петковиќ, додека Екрем Мемиши не ја стартуваше трката.

За мерење време на патеката беше задолжена екипата Timing Solution Macedonia, кои и овој пат беа на висина на задачата.

Check Also

WRC: Официјално, Себастиен Леб се враќа во WRC со 2-годишен договор со Hyundai

Деветкратниот WRC шампион, а воедно и најкомплетниот возач на сите времиња, Себастиен Леб, официјално се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *