Saturday , December 15 2018
Home / Latest Articles / Кружна трка „Кичево 2018“

Кружна трка „Кичево 2018“

Овој викенд на воениот полигон во Кичево ќе се одржи кружна трка која претставува прва од шампионатот на кружни патеки во Македонија

По тој повод ве покануваме да бидете дел од оваа манифестација денес и утре и да ги поддржите нашите натпреварувачи.

Се очекуваат околу 20 натпреварувачи кои ќе стартуваат во различни класи. Во сабота, квалификациите се од 11 часот, додека трката започнува во недела во 12 часот, веднаш после загревањето кое е на програмата од 10:30.

На нашите возачи им посакуваме добри резултати и безбедна трка, а на публиката да помине возбудлив тркачки викенд.

Check Also

WRC: Официјално, Себастиен Леб се враќа во WRC со 2-годишен договор со Hyundai

Деветкратниот WRC шампион, а воедно и најкомплетниот возач на сите времиња, Себастиен Леб, официјално се …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *