Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Лазаревски после победата во Крушево – „Победив бидејќи одлично ја познавам патеката“

Лазаревски после победата во Крушево – „Победив бидејќи одлично ја познавам патеката“

После девет години, Крушево се врати во календарот на Mакедонскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки.

Во класата Југо 1.100 Група А со победа се скраси Михајло Лазаревски од Custom Car Racing, пред неговиот конкурент Александар Георгиевски. После победата, поразговаравме со Лазаревски околу тркачкиот викенд. Тој напомена дека победата доаѓа од неговото одлично познавање на „долгото Крушево“:

„Пред да се зборува за натпреварувачкиот дел, би сакал да упатам една голема благодарност до Мојсије Милосавлевски и тимот со кој што работи, кои после цели 9 години со многу вложен труд и енергија повторно го вратија сјајот на трката во Крушево, и тоа со 30-тина натпреварувачи што е одлична бројка за оваа трка.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел, до последен момент беше неизвесен мојот настап од одредени причини, но сепак желбата за настап беше поголема и се појавив на оваа трка. На саботниот прв тренинг имав некои мали проблеми со возилото и неможев баш да го извлечам максимумот од автомобилот.

Проблемот беше надминат и решен за вториот тренинг, па можев повеќе да притискам на педалот за гас така што на саботните тренинзи во мојата класа имав најдобро време. Во неделата и двете трки поминаа одлично за мене, во двете возења бев прв, патеката одлично ја познавам, што мислам дека и тоа пресуди помеѓу мене и второпласираниот Александар Георгиевски, да сепак јас излезам како победник.

Да не ги заборавам и да им се заблагодарам на лугето и спонзорите кои секогаш се позади мене, тоа се #YugoMarket Kota, #ToniTravel #LPRMAK #OpstinaCentar #AvtoEkspert #МетоAutoServis #CustomCarRacing #MMService #Pneumatik, и секако Дејан Тодоровски- Бурда и Дејан Стефановски – Gianni!“ – изјави Лазаревски за БрзКруг.

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *