Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Македонскиот возач Бранко Кипровски во BMW Compact Cup во Велика Британија

Македонскиот возач Бранко Кипровски во BMW Compact Cup во Велика Британија

Овој викенд на патеката Оултон Парк во Велика Британија беше одржана првата рунда од Nangkang Tyre BMW Compact Cup натпреварувањето.

Македонскиот возач Бранко Кипровски кој веќе трета година живее во Велика Британија, во последен момент влезе како дел од овој шампионат. Тој претходно возеше во Британскиот Ford Focus Cup каде се избори за квалитетни резултати, а следен чекор кој го направи беше овој.

Првата трка Кипровски ја заврши на 31 позиција од 37 возачи, додека втората трка и покрај проблемите на квалификациите, стартуваше од 36та позиција и заврши на 25та. Познавајќи ја желбата, посветеноста и карактерот на Кипровски знам дека може многу, многу повеќе, но останува да видиме како ќе течат работите понатаму со најголемиот проблем, финансиите. До тогаш, да му дадеме поддршка на нашиот херој, ако не можеме материјална, тогаш морална.

„Оваа сезона имав големи планови, сработив многу и зависеше од спонзори дали ќе одиме понатаму и во кој шампионат. Во опција беа ТCR UK, BMW Compact Cup, VW Racing Cup, CIVIC Cup и FOCUS Cup. Потпишав договор со компанија во Март за спонзорство, но на 8 Јули ми јавија дека ќе мора да се повлечат заради ситуацијата со вирусот. Од тогаш сме во постојани контакти со тимови и менаџери, постојат повеќе можности за соработка.

Откако беше сигурно дека нема опција за старт во некој од куповите во разговор со Paul Dailly сопственик на KC MOTORSPORT, 4 пати шампиони во BMW Compact Cup ми беше понудено седиште да ја почнам сезоната со нив, иако знаевме дека ќе биде невозможно да се доминира на првата трка. Paul има голема доверба во мене и одлучивме да го направиме тоа неколку дена пред трката на Oulton Park Circuit. Автомобилот со кој настапив беше комплетно нов, но без можност да се тестира и да се разработи соодветно, што подоцна низ викендот ни носеше потешкотии кои никако не ни беа во прилог. Секако психолошкиот товар беше неподнослив, знаејки дека овој куп е најконкурентен со 40 возила и сите возачи се на многу високо ниво.

Пред мене стоеше преголем предизвик, прв пат во возило со заден погон, без сетап, десен волан, прв пат на патеката, возев еден тренинг само седум круга, со многу дожд и за да биде уште потешко пред да излезам на патеката откажаа бришачите, па останав на патека со многу ниска видливост само за да можам да стартувам. На првата трка стaртував од претпоследната позиција 35ти. Веднаш на стартот се појави проблем со бирачот за брзини и останав без втора брзина која е важна за престигнување и за извлекување од разни ситуации…

Половните гуми си го направија своето, Paul сакаше да почуствувам разлика но на сите кривини се губеше по секунда, надевајки се дека ќе преврне за да можам да направам некој подобар круг… завршив на 31 позиција а тоа значеше 31 стартна позиција за втората трка. За втората трка успеавме само да се подготвиме со нови задни гуми и поставивме цел да ја завршиме трката безбедно без штети и да не изгубам позиција, стартував со оштетен бирач без втора брзина, уште на стартот се почуствува разликата каде што превземав три позиции и подоцна низ трката уште неколку, завршив на 25 та позиција, задржувајќи многу побрзо возило позади мене во последните два круга. Јас и тимот сме презадовлни од постигнатото и покрај сите потешкотии и предизвици, се движев многу побрзо од круг во круг.

Главен акцент на овој натпревар ставив на мојот проект Акција против Ковид-19 (ACTION AGAINST COVID-19) со кој им дадов подршка преку моите медии и весниците во В.Б на здравството во Македонија и во ВБ -NHS UK. Се надевам дека проектот ќе се популаризира и идејата секој што е во можност да ги помогне оние кои неможат да си ја дозволат основната заштита од вирусот. Овој натпревар на Oulton Park го помогна ММ 24 Asistantance & MM Service. Големо благодарам до Пол Дејли КC MOTORSPORT како и до Мојсие Милосавлевски ММ 24 Assistants & Service. Одиме понатаму.

Се надевам на поддршка од Македонските медиуми и компании.“ – изјави Кипровски.

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *