Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Макс Биаџи и Voxan целат на 12 светски брзински рекорди за електричен моторцикл

Макс Биаџи и Voxan целат на 12 светски брзински рекорди за електричен моторцикл

Дали и овде ќе се докаже доминацијата на електричниот погон?

Уште во 2019 година бившиот Супербајк шампион Макс Биаџи и Voxan ги најавија нивните намери за поставување на нов светски рекорд за електричен моторцикл во 2020 година. Во тоа време тимот сакаше да проба да го подобри рекордот на исушените цолени езера во Ујунни, Боливија.

Но оваа 2020 година растури доста планови. Сепак најавата за обидот за светски рекорд од Боливија се презакажа за летото во 2021 година. Но 2020 година нема да биде 2020 ако не се случи нешто непланирано, како што се случува досега…

Новите датуми за овој подвиг се 30 октомври и 1 ноември 2020, што значи дека за некој ден ќе добиеме информации за нови светски рекорди, од новата локација – аеродромот Шаторо во Франција.

Трите моторцикли кои ќе настапат на овој обид располагаат со по 270kW батерии и ќе пробаат да направат рекорди на 1/4 милја, 1 милја и 1 километар, од стоечка позиција како и со летечки старт.

Сепак, никаков рекорд досега не е поставен во шест категории, па затоа невозможно е да не се постават рекорди. Фокус е ставен на постоечките рекорди кои се веќе поставени и претставуваат приоритет за тимот.

Дали ќе бидеме сведоци на нови рекорди, останува да дознаеме за неколку дена.

Check Also

MotoGP: Дали шампионот без победа е достоен шампион?

Големото прашање е дали возач кој не победил на трка, а стане шампион, заслужува да …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *