Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Малерозен викенд за Вуков на Берановац: „Сепак посакувам титула со борба, а не на тацна“

Малерозен викенд за Вуков на Берановац: „Сепак посакувам титула со борба, а не на тацна“

Изминатиов викенд на патеката Берановац крај Краљево се возеше третата трка од шампионатот на кружни патеки во Србија, во кој на Македонскиот натпреварувач Ристо Вуков и тоа како добро му тргна.

Тој првата трка во Нови Сад ја заврши со победа, исто како и втората трка на Залужани во БиХ. Но на најопасната патека во Србија налета на проблем.

Вуков се квалификуваше на третата позиција позади Настасијевиќ и Пауновиќ, за веднаш после стартот веќе на првиот свиок да го пројде Пауновиќ, а Настасијевиќ во следниот свиок после првиот мост.

Но менувачот на неговиот автомобил не издржа ниту еден круг, па затоа мораше да се повлече од лидерската позиција и да ја заврши трката прерано.

И покрај ова лошо искуство тој ниту малку не беше разочаран:

„Во саботата имавме проблеми со сетирањето на автомобилот бидејќи тренирав на ненагумирана патека, а веќе во саботата беше нагумирана при што имав проблем со држењето и со вистинскиот стил на возење. Можеби затоа бев трет, но тоа нема врска со овој разговор… што би било кога би било, не сум тој тип, но сепак автомобилот не се возеше како што јас сакав. Го средивме автомобилот за вториот тренинг, но заврна. Времињата беа поспори и не можев да подобрам ништо.

На трката стартував добро, веднаш го пројдов Пауновиќ, а веќе на мостот и Настасијевиќ, но пукна менувачот. Што да кажам, нов менувач, го променивме стариот менувач бидејќи малку грчеше при менување на брзини. Но не ми е криво за ништо. Моментално Настасијевиќ и Тошиќ се со ист број на поени во генерален пласман, но мене не ми се блиску. Тошиќ оваа трка не возеше па затоа ми е мило дека ќе има фер борба помеѓу нас на Ушче.

Нема да ми биде слатка титулата ако ја освојам без борба. Вака излезе најдобро, сакам да победам гордо, со борба, а не со победа на тацна. Сега имаме пауза од еден месец, за тоа време многу работи ќе промениме и ќе се подготвиме за финалната трка, ако Ушче биде последна трка. На Ушче ќе одам на победа, иако ми се потребни само 5-6 поени за титулата. Имам некои планови за тестирања надвор од овој шампионат, но ништо не е дефинирано, а за тоа ќе бидете навремено известени во блиска иднина.“ – изјави Вуков после Берановац.

Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *