Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Мартин Делев после Кичево 2: Големо искуство од Кичево, но очекуваме повеќе автомобили за Скопски Круг!

Мартин Делев после Кичево 2: Големо искуство од Кичево, но очекуваме повеќе автомобили за Скопски Круг!

Возачот на Custom Car Racing тимот Мартин Делев со својот автомобил Peugeot 106, изминатиот викенд во Кичево дојде до победа во неговата класа до 1400 кубни сантиметри и покрај проблемот на квалификациите во саботата.

Во неговата класа имаше само двајца натпреварувачи, но тој очекува поголема конкуренција на следната трка во Скопје:

„Да започнам со организацијата. Се беше организирано на највисоко ниво, поминавме супер. Патеката беше одлично средена и се помина во најдобар ред. Со автомобилот имав мали проблеми во саботата, поточно со предната лева гума поради која не можев да направам подобро време на квалификациите.

Стартував како четврти во дивизијата во која возеа класите до 1400 и до 1600 кубни сантиметри, прв во мојата класа до 1400 кубни сантиметри и завршив на првата позиција. Покрај Коста Николовски дефинитивно фалеше Марио Велковски во нашата борба.

Се на се, убав викенд и доста добро искуство, но се надевам на повеќе натпреварувачи во мојата класа на Скопски Круг. Сакам да се заблагодарам на мојот тим кој безрезервно стои позади мене.“ – изјави Делев после трката.

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *