Sunday , September 22 2019
Home / Latest Articles / Мартин Делев прв победник во Renault Twingo Cup-от: „Очекувам жестока сезона во ова натпреварување“

Мартин Делев прв победник во Renault Twingo Cup-от: „Очекувам жестока сезона во ова натпреварување“

Мартин Делев прв победник во Renault Twingo Cup-от

Возачот на Custom Car Racing Мартин Делев извојува многу тешка победа во новооснованиот Renault Twingo Cup кој стартуваше овој викенд на патеката во Кичево, паралелно со Македонскиот автомобилски шампионат. Пред овој тркачки викенд целиот караван имаше прво запознавање како тренинг на патеката Серес во Грција, од каде Мартин се врати полн со импресии.

Следно влегување во автомобилот беше на тренинзите за трката во Кичево на кои ја освои втората стартна позиција во саботата, додека во тешка и неизвесна борба дојде до голема победа на трката во неделата. Импресиониран од целиот викенд, ова беше беше неговата изјава, веднаш после трката:

„Презадоволен сум од целиот викенд. Во саботата уште се запознавав со автомобилот за оваа патека бидејќи потешко е да се вози овој автомобил на оваа патека, при што успеав да извозам второ време.

Патеката ја познавам многу добро, на која го прилагодив автомобилот и моето возење. На загревањето видов дека сум побрз од Томислав Трајковски кој стартуваше пред мене. Имавме супер старт, останав на втората позиција во првиот круг, но во борбата со Трајковски со мали контакти, ситуацијата ја искористи Малинковски кој ме пројде при што се најдов на третата позиција во следните неколку кругови.

Понатаму, чекав прилика и ја дочекав. На двата леви свиоци направив еден доста ризичен, но промислен потег каде ги пројдов и Малинковски и Трајковски од надворешна линија, што беше една доста тензична ситуација. После тоа излегов на чело, додека позади мене Трајковски и Малинковски имаа блиска борба која ми овозможи мала предност која ја искористив и завршив како победник.

Се на се сум презадоволен. Ова е добар почеток на сезона и очекувам дека оваа сезона ќе биде крајно интересна за публиката.“ – изјави Делев за БрзКруг.

 

Check Also

Димитриј Кимовски најбрз на тренинзите на Пониква

Кимовски без изненадувања Овој викенд на ридската патека Пониква над Кочани се одржува натпревар од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *