Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Мартин Делев пред Mишелук: „Викендов во Нови Сад е моментот на вистината за нас“

Мартин Делев пред Mишелук: „Викендов во Нови Сад е моментот на вистината за нас“

Конечно дојде моментот на вистината на само за возачот на Custom Car Racing Мартин Делев, но и за сите учесници на оваа трка

Имено овој викенд на патеката Мишелук во Нови Сад се одржува втората рунда од Српскиот шампионат во автомобилизам на кружни патеки во организација на САМКК Нови Сад 021. Оваа трка драги читатели важи за една од најдобро организираните трки на Бившите Југословенски простори. Ако ридската трка „Бузет“ која е финале на Европскиот шампионат на ридски патеки важи за поим за ридска трка, тогаш Мишелук е кругот кој е незаменлив кога станува збор за организација!

Иако Мартин Делев не учествуваше на првата трка на патеката Берановац крај Краљево, тој и неговиот Custom Car Racing тим на големо се подготвуваат за оваа трка. Автомобилот Peugeot 106N во моментов е заглавен на дигалка (како што можете да видите на фотографијата погоре) поради проблемите со електричната енергија кои го зафатија тој дел на Скопје, на чело со главниот кривец ЕВН. Но познавајќи ги момците од овој тим, ретко кога има пречка за нив:

„Да, ја испуштивме првата трка за што ми е многу жал бидејќи Берановац важи за патека за која треба поседување на “Grande Cojones“. Се подготвуваме цела недела со полна пареа, иако налетувавме на сериозни проблеми. Од минатата година видовме дека сме конкурентни, па затоа одлучивме да видиме до каде сме и оваа година. Јас сум подготвен, иако без тренинг. Минатата година ја возевме оваа патека и можам да кажам дека ни е позната и мене и на мојот тим. Останува до утре да довршиме некои ситници, да се собереме и да тргнеме. Очекувам прекрасен викенд бидејќи организаторите едноставно знаат да организираат перфектна трка со сите салтанати!“ – изјави Мартин Делев.

Но поразговаравме и со неговиот татко, воедно и водач на Custom Car Racing тимот:

„При крај сме. Ми се допаѓа расположението во тимот. Работите никогаш не течат најдобро кога сте во тркачкиот свет. Но и тоа го поминуваме. Еве заглавени бевме поради проблеми со електричната енергија во овој дел од градот, но и со тоа се справивме. Задоволен сум од брзината на автомобилот, но останува да видиме колку другите натпреварувачи се подготвиле. Имам верба во Мартин и знам дека ќе го даде својот максимум како што ние го даваме. Сепак ова што го правиме е од срце и вложуваме големи финансиски средства и енергија за добиеме квалитетни резултати. Во тоа е и суштината на тркањето нели?“ – јасен беше Мики Делев.

Во видеото подолу можете да погледнете како изгледаше трката минатата година:

Check Also

WTCR Вухан: Верне победник од старт до цел во првата трка

Францускиот возач Жан-Карл Верне успеа да извојува сигурна победа од старт до цел, откако ја …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *