Tuesday , August 4 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / Младиот картинг возач Христо Ковачи се враќа во форма после трката во Словенија

Младиот картинг возач Христо Ковачи се враќа во форма после трката во Словенија

Изминатиот викенд на патеката Вранско во Словенија беше одржана картинг трка во рамките на Централно Европската Зона, каде претставник од Македонија беше младиот Христо Ковачи.

И покрај густиот распоред на трките овој месец, младиот Ковачи се враќа во форма фаќајќи го вистинскиот ритам, после долгата пауза поради корона вирусот.

Разговаравме со неговиот татко Аргир, а подолу проследете како се одвиваа трите одржани трки во Словенија:

„По завршување на првата трка во Австрија на петти јули, се вративме во Македонија, за следниот викенд веднаш да отпатуваме на тренинг во Грција на патеката Серес, со цел Христо да ја врати кондицијата која ја имаше претходно, за да можеме да се вратиме во ритам за трката во Словенија која се одржа овој викенд.

Во саботата за време на квалификациите успеавме да обезбедиме 14-та позиција со заостанување од 1.5 секунди од првопласираниот, но поради наша грешка и несоодветен пренос бевме дисквалификувани, па затоа Христо мораше да стартува од последната позиција. Грешката со преносот беше на наша штета и поради тоа не успеавме да дојдеме до подобра стартна позиција.

Првата трка го докажа тоа со постигнување на седмо време по круг. Христо успеа да дојде до 12-тата позиција, но поради преголема борба и контакти беше казнет со 10 секунди за туркање, 5 секунди за преден браник, за трката официјално да ја заврши на 15 позиција. Втората трка ја стартуваше како 15-ти и успеа да се симне до 12-тата позиција на крајот од трката.

Третата трка стартуваше од 12-тата позиција во која имаше неколку контакти во првиот круг, после што возачите кои беа пред него успеаа да се одвојат од него напред, а Христо мораше да даде се од себе да ја надокнади таа разлика бидејќи имаше одлична брзина и ритам со постигнување на петто време по круг. Тој ја стигна групата која беше пред него, но немаше време да освои повисока позиција. Трката ја заврши на 12-та позиција, но повторно следеше казна од 10 секунди поради туркање, па затоа официјално заврши на 15-тата позиција.

Времињата кои успеа да ги постигне со соодветниот пренос во неделата беа доказ дека беше конкурентен во првите пет возачи, според разликата од првиот која изнесуваше точно шест десетинки. Нас тоа ни покажува дека полека но сигурно се враќаме во форма и се надеваме дека веќе наредната трка ќе имаме уште подобри резултати.

Последниве 25 дена имавме многу густ распоред на активности со поминати 6.500 километри, но успесите направија да ги занемариме долгите патувања и заморот.“ – изјави таткото на Христо.

 

Check Also

ТЦР Италија: Рекордна бројка од 26 возачи на стартот на втората рунда на Мизано!

Овој викенд на патеката Мизано во Италија се одржува втората рунда од Италијанскиот ТЦР шампионат, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *