Wednesday , January 22 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Монтоја официјално на овогодинешниот Ле Ман 24 Часа

F1: Монтоја официјално на овогодинешниот Ле Ман 24 Часа

Поранешниот Ф1 возач од Колумбија, Хуан-Пабло Монотоја, оваа година ќе го има своето деби на легендарната трка Ле Ман 24 Часа.

United Autosports официјално потврди дека Хуан-Пабло Монтоја ќе му се приклучи на тимот на овогодинешната Ле Ман 24 Часа во класата LMP2. Покрај Монтоја, прототипот Ligier JS P217 со број 32 ќе го возат и Вил Овен и Хуго де Салере.

И покрај тоа што Монтоја ќе дебитира на Ле Ман, трките на издржливост му се добро познати бидејќи се наптреваруваше во IMSA WeatherTech SportsCar шампионатот со тимот Penske. По завршувањето на својата Ф1 кариера, Колумбиецот исто така се тркаше и во НАСКАР, Индикар, КАРТ, Инди 500 и Дејтона 24 часа.

Исто како и Фернандо Алонсо, и тој е во лов на тројната моторспорт круна. Монтоја е во предност и има победено на две од трите култни трки: Монако Гранд При и Инди 500. Му недостасува само победа на Ле Ман 24 Часа.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *