Thursday , November 21 2019
Home / Latest Articles / Монца за финале на ТЦР Европа, титулата сеуште неизвесна

Монца за финале на ТЦР Европа, титулата сеуште неизвесна

Овој викенд на патеката Монца во Италија завршува втората сезона од Европската ТЦР Серија, со тоа што титулата ќе се решава помеѓу Џош Фајлс и Жулиен Брише, додека разликата од 48 поени е во полза на Британецот

Текст: В. Анастасовски

Овој викенд ќе стартуваат дури 34 возачи, при што изгледа дека промотерот на оваа серија не го засега баш безбедноста на патеката и квалитетна трка како финале, туку квантитет и што повеќе пријави и штета. Не сум негативен, но ако погледнете реално (оние кои ја познаваат патеката) ќе се сложите со мене.

Првиот свиок е повеќе од опасен и овде секогаш се случувале незгоди кои завршувале со огромна штета и расфрлани автомобили и делови низ патеката, при што неизбежно е да излезе безбедносниот автомобил и речиси цела трка да се вози позади него, без шанси за квалитетна трка.

Ова што го зборувам се случува речиси на секоја трка од оваа серија, па затоа сум се прашувал, но и многумина од вас – дали вреди воошто да се биде дел од овој шампионат??? Лично јас како новинар, ова е единсвтената причина поради која нема да присуствувам на оваа трка, бидејќи не би сакал да гледам трка позади безбедносен автомобил.

Но како и да е. Пријавени се 34 возачи, а во најава беа речиси 40. Џош Фајлс доаѓа со 282 поени, за 48 пред Жулиен Брише, при што најмногу што можат да се освојат во двете трки се 85 поени заедно со квалификациите.

Брише дефинитивно ќе беше поблизу со поени, но казната од пет секунди поради непрописно позиционирање на стартот од трката во Барселона го стави поназад во генералениот пласман кај возачите. Од Монца како патека, највеќе бенефит би имале автомобилите на Audi поради нивниот квалитет во аеродинамиката, а тоа го покажа Жан-Карл Верне кој дојде до две победи минатата сезона.

Најбрзите возачи на гридот Сантиаго Урутиа и Жил Магнус, кои се позади волани на Audi, се во тесна борба за третата позиција во генерален пласман, а моментално се со разлика од само два поени и се наоѓаат на шестата и седмата позиција во генерален пласман.

На последната рунда на Монца, Македонскиот натпреварувач Виктор Давидовски ќе ја комплетира неговата втора сезона позади воланот на неговиот автомобил Honda Civic Type-R заедно со неговиот PSS Racing Team, а какви се неговите планови за следната сезона, ќе дознаеме во блиска иднина. Неговиот највисок пласман оваа сезона беше 15 позиција и освоен поен во оваа екстремно силна конкуренција, а очекуваме барем истото да го видиме и овој викенд.

Тркачкиот викенд на Монца ќе започне во петок во 12:25 часот со првиот слободен тренинг, додека вториот тренинг е на програмата во 16:20 часот, при што двата тренинга ќе траат по 30 минути. Квалификациите се на програмата во сабота во 10:45 часот како и првата трка попладне во 16:50, додека втората трка и последна оваа сезона, на програмата е во недела од 11:35 часот.

Директен пренос ќе можете да гледате на јутјуб каналот TCR TV.

Check Also

BTCC: Hyundai влегува во Британскиот туринг шампионат со i30 Fastback N

Тимот на Excelr8 Motorsport ќе донесе нов бренд и два автомобили Hyundai i30 Fastback N …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *