Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / МотоГП: Жестока борба за пол позиција на Ред Бул Ринг

МотоГП: Жестока борба за пол позиција на Ред Бул Ринг

Возачот на Јамаха Маверик Вињалес дојде до пол позиција на Австриското Гран При на патеката Ред Бул Ринг, откако успеа да го победи Џек Милер во многу тесна борба

После тренинзите во петокот Вињалес призна дека е изгубен во барањето на правилно подесување на неговата Јамаха откако проблемите од Брно го следеа и овде.

Но сепак Шпанецот успеа да влезе во форма веднаш влегувајќи во вториот дел од квалификациите, за да ја освои пол позицијата за неделниот старт на трката.

Во вториот дел од квалификациите, Вињалес уште веднаш направи најбрзо време од 1:123.892 влегувајќи во борба со Квартараро. Лидерот во шампионатот успеа да симне малку време превземајќи го водството со време од 1:23.787, но Вињалес веднаш врати со 1:23.716.

Сепак, последниот најбрз круг на Вињалес му беше избришан поради прекршување на границите на патеката, паѓајќи на третата позиција, за веднаш потоа да дојде до најбрз круг од 1:23.694.

Блиската борба за пол позиција заврши со најбрзо време за Вињалес од 1:23.450, додека на втората позиција од првиот ред ќе стартува Џек Милер кој заостана за само 0.068 секунди.

Квартараро успеа до трета стартна позиција заостанувајќи за само 0.087 секунди, по што може да се види жестоката борба за пол позиција во илјадити делови од секундата помеѓу оваа сериозна тројка.

Останатиот поредок и резултатите погледнете ги подолу на табелата:

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *