Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во рамките на Мото ГП викендот во Чешка

Тој имаше неверојатно темпо, а покажа и доста квалитетни способности во текот на трката. Како дебитант се очекуваше дека ќе даде се од себе, но дека ќе победи и тоа на КТМ, тоа никој не можеше да го предвиди.

На почетопкот од трката можеше да се забележи екстремно добриот старт на Алеш Еспергаро, кој доби неколку позиции, за разлика од Зарко, кој стартуваше од пол позицијата за веднаш да падне на петтата позиција.

После мирната средина на трката, следеа два пада на Мир и Лекуона после што Еспергаро го пројде Зарко за четвртата позиција. Во текот на дветтиот круг Биндер започнува со напади и успева да дојде до втората позиција и почнува со барање начин за да дојде до лидерската позиција.

Во десеттиот круг од трката Пол Еспергаро ја завршува трката со пад, а веќе во 13-тиот круг Бред Биндер започнува да ја пишува историјата, превземајќи ја првата позиција, а веднаш после тоа Зарко добива казна за падот на Мир, иако тоа можеше лесно да се објасни како тркачки инцидент.

Зарко добива казна да врти поголем круг, што го изведува крајно спектакуларно и завршува на третата позиција на подиумот, со тоа што Биндер доаѓа до важна и историска победа, додека втората позиција ја освои Фабио Куартараро.

На оваа трка не настапи Марк Маркез поради втора операција со која треба да се справи, додека Валентино Роси успеа само до петтата позиција, откако стартуваше од десеттата позиција.

Следната трка е за само една недела, на патеката Ред Бул Ринг во Австрија.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *