Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / МотоГП Ред Бул Ринг: Довициозо победник на драматичната трка во Австрија

МотоГП Ред Бул Ринг: Довициозо победник на драматичната трка во Австрија

Од толку многу излетувања, коментаторот се запраша дали ќе остане некој на патеката да ја пројде целта…

Еден ден после изјавата на Дукати каде најавија откажување од премиерната класа во 2021 година, Андреа Довициозо дојде до победа на драматичната трка на Австриското Гран При, кое беше прекинато, за подоцна да дојде до повторен старт поради опасен инцидент.

На првиот старт пред прекинот на трката Франко Морбидели се судри со Жоан Зарко во вториот свиок во деветтиот круг, при што моторциклот на Зарко полета во воздух од силниот удар во оградата на третиот свиок, прелетувајќи на неколку сантиметри од Валентино Роси.

Потоа следеше црвено знаме и прекин на трката за да се расчисти хаосот од кој инволвираните возачи излегоа неповредени.

После рестартот на трката следеше контакт и излетување на Еспергаро и Оливеира, откако Еспергаро отиде прешироко, а враќајќи се во идеалната линија на движење удри во Оливеира, завршувајќи ја трката за двајцата.

Во падот кој следеше во 11-от круг после рестартот, Алекс Ринс пробаше да влезе од внатрешна страна на Довициозо во шестиот свиок, но потрошената гума на Ринс не му дозволи да го изведе тој потег, при што го загуби предниот дел од раце со што шансите за победа му завршија во зоната за излетување.

Довициозо подоцна го намали темпото чувајќи ги гумите за последните неколку кругови, за да дојде до голема победа за него и за неговиот тим со предност од 1.3 секунди пред Мир и Милер кои водеа драматична борба за втората позиција во последниот круг, каде Мир биквално во последниот свиок ја искористи грешката на Милер и дојде до втората позиција на подиумот.

Бред Бриндер ја искористи гужвата на патеката и од 17 тата стартна позиција заврши на четвртата, пред Валентино Роси на петтата позиција.

После нив следеа Накагами, Петручи, Квартараро, Лекуона, додека Маверик Вињалес ги комплетираше топ 10-те.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *