Sunday , September 20 2020
Home / Latest Articles / МотоГП со публика на финалето?

МотоГП со публика на финалето?

Патеката Алгарв во Портимао, Португалија, е потврдена како финална рунда од 2020-тата МотоГП сезона, каде воедно се очекува и публика

Минатата недела промотерите на МотоГП најавија дека последните три трки од провизорниот календар во Малезија, Тајланд и Аргентина се откажани за оваа година поради пандемијата на коронавирусот, но дека ќе биде додадена една рунда во Европа.

Организаторите на МотоГП ја потврдија оваа информација вчера, со тоа што на оваа патека би можела да присуствува и публика со максимален број од 30.000 гледачи.

За информација, договор помеѓу МотоГП организацијата и Портимао беше потпишан уште во 2017 година како резервна патека доколку би дошло до некакви проблеми или откажувања на друга трка, а тоа време дојде, па затоа Портимао станува домаќин на МотоГП трка.

Check Also

MotoGP: Подиум за паметење – Мир никогаш нема да го заборави проаѓањето на Роси на Мизано

Возачот на Suzuki Жоан Мир изјави дека никогаш нема да го заборави освоениот подиум овој …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *