Friday , October 18 2019
Home / Balkan Automoto / Најава: Ридска трка Кула-Косово; Обавестување до сите Македонски возачи

Најава: Ридска трка Кула-Косово; Обавестување до сите Македонски возачи

На 29 и 30 јуни, на патеката Кула во Косово ќе се одржи ридска трка која е дел од календарот на ридски патеки во рамките на Централно Европска Зона.

По тој повод организаторите на трката, Косовската автомобилска федерација се обрати до нас, да ве известиме вас, Македонските возачи, кои сте заинтересирани за настап на оваа трка, која Косовската федерација ја најавува како вистински спектакл.

По повод оваа манифестација, организаторите обезбедија бесплатен смештај во петок и сабота (со вклучен доручек) за секој натпреварувач, заедно со негови двајца придружници (тим). Исто така сите натпреварувачи ќе бидат ослободени од стартнина (трошоци за пријава на возач).

Ова е програмата на викендот, а подолу ќе можете да ги проследите правилникот и пријавата за трката:

27.06 Четврток – 24:00:
Заклучување на пријавите

28.06 Петок:
16:00 – 19:00 – Технички преглед и верификација

29:06 Сабота:
07:00 – 09:00 – Вонреден Технички преглед
10:00 – Објавување на официјална стартна листа
12:00 – Старт на Тренинг 1
14:00 – Старт на Тренинг 2

30.06 Недела
11:00 – Свечено отварање на трката
12:00 – Старт на трка 1
14:00 – Старт на Трка 2
17:00 – Доделување на награди

ПРАВИЛНИК    ПРИЈАВА

Check Also

Опасно превртување на Мирко Миловановиќ на Авала…

Овој викенд близу Белград, се одржа ридската трка Авала која е последна во шампионатот во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *