Wednesday , October 17 2018
Home / Latest Articles / Најава: 3то Оф роуд шоу Скопје 2018

Најава: 3то Оф роуд шоу Скопје 2018

Во организација на Мото клубот „Александар“ и Мото Клубот „Мотори” од Скопје, а под покровителство на Мотоциклистичката федерација на Македонија, на 6 и 7 октомври 2018 година ќе се одржи ендуро натпревар третиот “Оф роуд шоу Скопје 2018”.

После успешните организации во 2016 и 2017 година, натпреварот за прв пат е вклучен во рамките на БМУ Европскиот шампионат во екстремно ендуро, како и во Шампионатот на Македонија во ендуро. И во двата шампионата се бодуваат секој ден одделно, а уште поголема тежина на настанот му дава одлуката за шампионските титули во сите класи.
Како главен фаворит во класата експерт од БМУ Европскиот шампионат се истакнува одличниот бугарски натпреварувач Теодор Кабакчиев.

Кабакчиев има остварено одлични резултати на престижните светски натпревари Ред бул Романиакс, Ерзберг родео и др., како и во светскиот Суперендуро шампионат.
Најголемиот октански настан во Македонија ќе се одржи на падините на Скопска Црна Гора, а стартот и целта се на воениот полигон Стенковец. Патеката се состои од брзински испити од природни и вештачки пречки, како и поврзувачки етапи по природни терени на околните ридови.

Вљубениците на „октанските“ спортови, во сабота 6 октомври и недела 7 октомври од 10 часот ќе може да уживаат во умешноста на најдобрите македонски и странски учесници во ендуро. Најавено е учество на стотина натпреварувачи.

Check Also

WTCR: Светскиот туринг куп во 2019 станува множество на супер ѕвезди

Намерата на Светскиот туринг куп е секоја следна година да располага со Светски туринг ѕвезди, …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *