Thursday , January 23 2020
Breaking News
Home / Latest Articles / F1: Најинтересните моменти од квалификациите за Кинеското Гранд При (ВИДЕО)

F1: Најинтересните моменти од квалификациите за Кинеското Гранд При (ВИДЕО)

За сите што не можеа да се разбудат во 8 часот утринава и во живо да ги следнат квалификациите за Кинеското Гранд При.

Во следново видео ќе можете да ги погледнете најитересните моменти од денешните квалификации за утрешната трка во Кина. Како што веќе ве информиравме, возачите на Ferrari, Себастијан Фетел и Кими Раиконен, го запоседнаа првиот стартен ред. Фетел беше за само 0.084 секунди побрз од Раиконен, разлика која што успеа да ја направи во последниот сектор.

Овој резултат беше вистинско изненадување за познавачите на Формула 1 бидејќи Mercedes го започнаа Гранд При викендот во Кина како апсолутни фаворити. Дали Ferrari конечно ја прекина доминацијата на Mercedes? Oстанува да почекаме до утрешната трка и да видиме.

Црвените светла на патеката Шангај Интренешнл ќе се изгаснат утре изутрина точно во 8:10 часот.

Check Also

Дакар 2020 – 10 Етапа: Петерхансел: Не знам како се случи, но се загубивме!

Дури и самиот тој не може да поверува… Стефан Петерхансел е вистинска икона на Дакар …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *