Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / На денешен ден роден е легендарниот рели возач Томи Макинен

На денешен ден роден е легендарниот рели возач Томи Макинен

На денешен ден пред 56 години родена е легендата во рели натпреварувањата, Финецот Томи Макинен

Роден е на 26 јуни 1964 година во Палопка-Пупола во Финска. Томи Макинен се прослави во Светскиот рели шампионат освојувајќи четири титули во 1996, 1997, 1998 и 1999 година.

На извозените 139 рели натпревари во неговата кариера, тој извојува 24 победи, 45 пати се искачи на подиумот, победи на 362 брзински испити и освои вкупно 544 поени.

Активни години му беа од 1987 до 2003, додека во неговата кариера совозачи му беа Кај Линдстром, Ристо Манисенмаки, Сепо Харјане и Тимо Хантунен, а со нив настапи во три различни тимови и тоа: Nissan, Mitsubishi и Subaru World Rally Team.

Прво рели му беше Рели на 1000 Езера во 1987 година, додека прва победа му беше на истото рели во 1994 година. Последната победа во неговата кариера ја освои на Монте Карло релито во 2002 година, а последно рели му беше Рели Велика Британија.

Од 2018 година наваму е тимски менаџер на фабричкиот тим на Toyota – Toyota Gazoo Racing во Светскиот рели шампионат каде уште во првата година овој тим ја освои конструкторската титула.

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *