Monday , January 18 2021
Home / Latest Articles / На продажба се најде ектремно добар примерок на тркачко BMW

На продажба се најде ектремно добар примерок на тркачко BMW

На специјализираната веб страна за продажба на тркачки автомобили RaceCarDirect, излезе еден баш фин примерок на тркачки автомобил

Се работи за автомобил BMW M3 S65 кој располага со V8 агрегат од 4.0 литри и 540КС, кој постигнува максимални 9.500 вртежи во минута. Овој автомобил се возеше на ридски патеки низ балканов, а во сопственост е на Унгарецот Итван Кавец, попознат како Бонго.

На неколку трки во Хрватскиот шампионат го возеше и Унгарскиот туринг возач Норберт Наџ, а од лично искуство кажувам, тоа беше вистински празник за очи и уши.

На линкот подолу можете да ги погледнете деталите за овој автомобил: Со среќа ако се одлучите да го купите 🙂

https://racecarsdirect.com/Advert/Details/112696/bmw-e90-40-v8-champion-car-for-sale?fbclid=IwAR1IRo3MG1HfWFQopeGF_cQgAwWb-GP77lzIs3blG0XslZkMvyNrDePj2AE

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *