Monday , August 19 2019
Home / Latest Articles / Никола Асановиќ апсолутен победник во Херцег Нови

Никола Асановиќ апсолутен победник во Херцег Нови

Како што веќе најавивме, со ридската трка Поди – Херцег Нови започна Црногорскиот шампионат на ридски патеки каде учество земаа 33 возачи

Минатогодишниот шампион во Gr. N-2000 Никола Асановиќ се врати оваа година во одбрана на титулата во истата класа, а како што изгледа добро му тргна.

Во првата трка тој имаше најбрзо време во неговата класа од неговите конкуренти Василије Јакшиќ и Марко Тујковиќ, а патеката ја извози за 2:09.448, додека Тујковиќ имаше второ време (2:12.980) и Јакшиќ (2:13.055).

Во второто возење Тујковиќ имаше најбрзо време (2:08.915), додека Јакшиќ успеа да симне на 2:10.194, со Асановиќ за неполни три десетинки позади на третата позиција (2:10.474).

На крајот Асановиќ излезе како победник со вкупно време од 4:19.922, пред Марко Тујковиќ (4:21.895) и Василије Јакшиќ (4:23.249), сите во Honda Civic Type-R. Ова е само прва трка, а како што изгледа овде ќе се води доста лута борба во текот на сезоната.

Со четврто вкупно време во генерален пласман и прв во Е1-1600 се вброи Немања Кашчелан, пред Жељко Баничевиќ на петтата додека шести беше Филип Петковиќ.

Зоран Рајхел беше седми, пред Дејан Ниловиќ на осмата позиција, додека на деветтата и десеттата позиција во генерален пласман пристигнаа Дражен Радуловиќ и Крешимир Петровиќ.


Check Also

WRC Финска: Танак во водство, неговите тимски колеги во проблеми

Возачот на Toyota От Танак ја зголеми предноста на Рели Финска, но неговите колеги наидоа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *