Wednesday , April 24 2019
Home / Latest Articles / Никола Миљковиќ ќе се натпреварува во TCR Hill Climb Series

Никола Миљковиќ ќе се натпреварува во TCR Hill Climb Series

Двајца Европски ридски шампиони, за прв пат во иста категорија

Европскиот шампион на ридски патеки од 2016 во категорија туринг возила Никола Миљковиќ го направи својот избор за оваа сезона заедно со неговиот тим LEIN Racing, а тоа е ридскиот TCR шампионат кој за прв пат ова сезона стартува како официјална категорија на натпреварување на ридски патеки.

Крајно интересно е тоа што во моментов на листата се наоѓаат двајца Европски шампиони на ридски патеки, која пред неколку дена ја дополни Македонскиот возач Игор Стефановски кој освои две Европски шампионски титули во истата категорија во 2014 и 2015 година.

Овие факти укажуваат крајно интересна борба бидејќи за прв пат шампиони во оваа дисциплина од иста класа ќе имаат прилика да се соочат помеѓу себе. Знаејќи го фактот дека и двајцата се освојувачи на рекорди на патеките низ Европа, дополнително посочува на жестоката борба која е на повидок.

Инаку, 24-годишниот Српски возач ќе настапи со неговата Cupra, автомобил со кој за прв пат настапи на трка од Европската TCR Серија, на финалето во Барселона.

Ова е календарот на Ридската TCR Серија (TCR Hill Climb Series)

Check Also

WRC: Toyota ќе развиваат R5 автомобил

WRC2 категоријата во склоп на Светскиот рели шампионат станува доста возбудлива… Фактот дека оваа класа …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *