Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / Нова тркачка иновација, само во Хрватска – Подвижен динoметар

Нова тркачка иновација, само во Хрватска – Подвижен динoметар

Овој уред е прв на балканов, а можеби и во Европа…

Идејата е дојдена од Ловро Бадурина, чевек кој е долги години тесно поврзан со автомобилизмот. Со оваа иновација секој може да ја измери силата на својот автомобил, на лице место на трка или било каков моторспорт настан.

„Се започна некако од хоби. Долго време баравме таков уред. Никаде не можевме да најдеме, па затоа се одлучивме да го конструираме. Сите уреди кои се произведуваат се пошироки од 2.5 метри, а 2.5 метри е границата на ширина да се движите по патишта, а да не ви се потребни посебни дозволи.

Потоа проектот го дадовме на една фирма да ни ги конструира тие ролери во ширина од 2.48 метри за да ги избегнеме специјалните дозволи. Потоа на основа на ролерите започнавме да ја конструираме приколката со сите потребни додатоци. Имам многу пријатели кои се заслужни за овој проект, кои многу ми помогнаа за изработка на целиот проект.

Сега имаме подвижен динометар. Овој уред највеќе би се користел на Куп натпреварувања каде сите автомобили треба да се исти. Тоа значи мерење после трка, нема веќе лажење кој колку коњи има.“ – изјави Бадурина.

Во продолжение погледнете го видеото во кое ќе видите како изгледа оваа иновација.

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *