Tuesday , January 19 2021
Home / Latest Articles / Новиот Civic Type-R ќе биде последниот целосно бензински автомобил во Европа

Новиот Civic Type-R ќе биде последниот целосно бензински автомобил во Европа

Кога станува збор за регулација на емисија на штетни гасови, Европа е најригорозна во светот, а тоа може да се види според огромниот број на автомобили кои располагаат со 3-цилиндрични 1.0-литарски агрегати.

И покрај намалувањето на бројот на цилиндри и запремнината, производителите на автомобили на големо инвестираат во електрифицирањето за да ги задоволат законодавците.

Но од Honda одлучија да одат уште еднаш со целосно бензински агрегат за моделот Civic Type-R. Иако се зборуваше дека следниот модел ќе биде хибриден хечбек со погон на сите тркала и околу 400КС, Британскиот магазин Autocar тврди дека Honda ќе се држат до веќе пробаната и тестирана формула.

Според Британскиот магазин Honda ќе остане на истиот 2.0 литарски турбо агрегат, но со малку повеќе коњски сили од моменталните 316. Зголемувањето на коњските сили и вртежниот момент ќе се однесува на подобрување на реакцијата на турбо полначот при ниски вртежи.

Затоа Хондаши, без паника, ќе имаме уште еден целосно бензински модел пред глобалната електрификација.

Check Also

Дакар 2021: 14та Дакар титула за „Г-дин Дакар“

Француската офроуд легенда Стефан Петерхансел дојде до рекордна 14-та Дакар титула, откако победи на 2021 …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *