Monday , June 18 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Нови детали околу Alpine A110 (ВИДЕО)

Нови детали околу Alpine A110 (ВИДЕО)

После официјалното претставување на Alpine A110 на Мотор Шоуто во Женева, автомобилот беше однесен јужна Франција на тест возење и фотосесија

Alpine A110 претставува предизвикувач на Porsche Cayman и Alfa Romeo 4C. Иако е најавен со лимитирано производство од 1.955 примероци, во блиска иднина се очекува масовно производство на овој автомобил. Ограничената бројка на A110 Premiere Edition од 1.955 ја претставува годината кога Alpine беше за прв пат конструиран.

Како што изјавија од фабриката, автомобилот ќе чини 58.500 евра, што за вистинските ентузијасти кои го очекуваат овој автомобил, нема да биде важна иако е прилично висока, ако го земеме предвид фактот дека после 60+ години излегува нов модел кој ќе го продолжи постоењето на овој бренд.

Преродениот Alpine 110 ќе располага со 1.8 литарски турбо агрегат кој неодмана беше прилагоден од новиот Renault Megane RS, но со различна сила. Во A110 агрегатот ќе располага со 248КС и 320Њм вртежен момент кој ќе му овозможи лансирање од 0 до 100 км/ч за 4.5 секунди и електронски ограничена максимална брзина од 250 км/ч.

Како и сите модели, новиот А110 ќе биде со заден погон, поврзан преку 7-степен автомоатски менувач, а возачите ќе можат да одберат режим на возење од три модови и тоа: Normal, Sport и Track, што ќе го прилагоди целиот автомобил според одбраното подесување.



Check Also

MotoGP Барселона: Повторна доминација на Лоренцо, Маркез и Роси без решение

Хорхе Лоренцо извојува уште една значајна победа по ред на патеката Каталуња во Барселона, тргнувајќи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *