Wednesday , September 19 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Нов рекорд за Либер и на неделната втора трка во Лучине! (Резултати)

Нов рекорд за Либер и на неделната втора трка во Лучине! (Резултати)

БрзКруг директно од ридската трка Лучине (Словенија)

Како што ве известивме за саботните тренинзи, денес ви носиме резултати од неделните три возења кои беа повеќе од возбудливи.

Прекрасно време, расположена публика во огромен број која знае да ужива во трки, голем број на спектакуларни автомобили и секако, рекорди, кои беа дел од денот за трка во неделата.

Трите возења на 3950 метарската патека од Тодраж до Лучине ја задоволија публиката. Навремен и точен старт ја одрази сериозноста на организацијата, а брзите интервенции после неколкуте удари на третото возење само ја оправдаа таа сериозност.

Исто така за публиката беа обезбедени неколку автобуси кои ги разнесуваа гледачите по патеката, по она прекрасно зеленило по кое е позната Словенија.

Од трите возења победник во генерален пласман како и нов рекордер на патеката беше Фредерико Либер (Gloria G8P EVO) со време од 1:59.397.

Втор во генерален пласман беше Ласло Сас , пред Владимир Станковиќ, Карел Трнени и Рони Братчи. За шесто место вкупно се ибори Јири Свобода, додека седми беше Милан Бубнич, пред Радо Распет, Грзегорз Дуда, додека топ 10-те ги комплетираше Марието Налон.

На трката беа присутни и двајца Црногорски возачи – Дејан Булатовиќ и Василије Јакшиќ кои оваа трка ја возеа за бодови во ЦЕЗ шампионатот на ридски патеки.

Булатовиќ поради проблеми со полуосовината на неговиот автомобил Seat Leon TCR не ги извози неделните три трки, додека Василије Јакшиќ претстави прекрасно возење со кое се пласираше на 25-тата позиција во генерален пласман од 98 возачи.

Тој освои драгоцени поени за ЦЕЗ шампионатот, пред следната трка во Чешка за две недели каде продолжува неговата борба, но со некои новости кои подоцна ќе ги објавиме.

Целосните резултати погледнете ги на овој линк: https://results.omikronplus.si/live/GHD_Lucine2018/live.html

Check Also

Маестрално возење на Вуков на Ушче; Од 13-та позиција до прва, но не и до победа…

Изминатиот викенд на уличната патека Ушче во Белград се одржа финалето на шампионатот на кружни …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *