Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Нов рекорд на Нирбургринг за уличен спортски автомобил (ВИДЕО)

Нов рекорд на Нирбургринг за уличен спортски автомобил (ВИДЕО)

Porsche со својот автомобил 911 GT3 RS постави нов рекорд на Нирбургринг-Нордшлајфе во категоријата уличен спортски автомобил.

На 16-ти април, возачот на Porsche, Кевин Естер, успеа да извози БРЗ КРУГ со време од 6:56.4 минути позади воланот на Porsche 911 GT3 RS, што претставува нов рекорд на патеката Нирбургринг-Нордшлајфе извозен со уличен спортски автомобил. Времето на францускиот возач беше за неверојатни 24 секунди подобро од поранешниот рекорд на оваа патека, кој што беше поставен со предходниот модел на Porsche 911 GT3 RS.

Покрај 918 Spyder и 911 GT2 RS, новиот GT3 RS е третиот автомобил на Porschе што држи рекорд на легендарната патека Нирбургринг-Нордшлајфе, која што има должина од 20.6 километри.

Новиот Porsche 911 GT3 RS е опремен со атмосферски 4.0-литарски 6-цилиндарски мотор со моќност од 520 коњски сили. Може да стигне од 0 до 100км/ч за само 3 секунди.

Па, ајде да се повозиме еден БРЗ КРУГ околу “Зелениот Пекол” во Porsche 911 GT3 RS:

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *