Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Објавена е првата верзија на WRC календарот за 2021 година

Објавена е првата верзија на WRC календарот за 2021 година

Иако доста рано, организацијата на Светскиот рели шампионат ја претстави првата верзија на календарот за 2021 година

WRC сеуште работат на изменетиот календар за 2020 година поради многуте измени причинети од пандемијата на КОВИД-19, но сепак тие претставија прва верзија на календарот за 2021 година.

За календаропт за идната сезона потврдени се девет рунди, со тоа што повеќе рунди се очекуваат да бидат додадени подоцна. И покрај најавата на тоа каде ќе се одржат овие рунди, никаков датум не е прецизиран.

Ова се најавените рунди од провизорниот календар:

Монте Карло – Асфалт
Финска – Макадам
Португалија – Макадам
Шведска – Снег
Кенија – Макадам
Шпанија – Асфалт
Италија – Асфалт
Јапонија – Асфалт
Австралија – Макадам

Поради ударот на пандемијата на светската економија, челниците на Светскиот рели шампионат одлучија да воведат чекори за намалување на трошоците.

Како прво, тестирањата пред секоја рунда ќе се редуцираат на само еден ден, за разлика од двата дена тестирање претходно. Тоа се однесува на секој производител и возач кој ќе настапува на Европска рунда.

Додека втор начин на намалување на трошоците е тоа што на тимовите ќе им биде дозволено да користат само два мотори во текот на целата сезона, за разлика од претходната можност за користење на три мотори во текот на сезоната.

 

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *