Friday , August 14 2020
Home / Latest Articles / Ова е новиот надграден Yaris за 2018 WRC сезона

Ова е новиот надграден Yaris за 2018 WRC сезона

Моментално гледате во новата Toyota Yaris, автомобил со кој јапонскиот фабрички тим ќе нападне во 2018 сезона во Светскиот Рели Шампионат (WRC)

Официјално претставен на Autosport International, надградениот модел за 2018 сезона е базиран на верзијата со која јапонксиот производител влезе минатата година во Светскиот шампионат, а доработките се направени благодарение на кампањата во текот на 2017 година.

Автомобилот доби подобра аеродинамика, специјално тунирана за да генерира поголем потисок на предниот дел за подобра управливост. Изменетата каросерија исто така допринесува во перформансите на автомобилот, која донесува повеќе воздух за ладење на механичките компоненти под автомобилот, што ќе донесе голем бенефит на некои од најтоплите рунди во календарот.

Во минатогодипната дебитантска сезона тимот на Toyota победи на две рунди (Шведска и Финска), а заврши на четвртата позиција кај возачите и на третата позиција кај производителите во генерален пласман. Ривалите и оваа година ќе бидат силни, тоа е несомнено.

Но со новата опрема, Toyota се стреми кон подобрување и на моменталните рекорди кои ги поставија возачите, а секако и дека ќе дадат се од себе за да ги повторат резултатите, но и круната која беше освоена со моделот Celica во 90-тите.

Check Also

МотоГП: Историска победа за КТМ и дебитантот Бред Биндер

Јужно Африканскиот возач Бред Биндер дојде до убедлива и неверојатна победа на патеката Брно во …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *