Tuesday , July 17 2018
Home / Latest Articles / Ова е новиот Honda Civic Type R TCR 2018, а ова се новите промени!

Ова е новиот Honda Civic Type R TCR 2018, а ова се новите промени!

JAS Motorsport ќе го претстави новиот Honda Civic Type R TCR со кој натпреварувачите кои ќе го одберат ќе се натпреваруваат во шампионатите соTCR спецификации

Иако ова е првата фотографија која ја видовме на изминатиот TCR викенд на Ошерслебен во рацете на менаџерот на JAS Motorsport, кој ни откри дека сме првите воопшто што ја виделе фотографијата, сега истата, но и промените на новиот автомобил излегоа во јавноста.

Новиот TCR автомобил, кој е базиран на најновиот уличен автомобил од 2017 година кој беше претставен оваа година е направен на основа на огромниот успех кој беше постигнат од неговиот претходник уште од дебитирањето на TCR натпреварите во 2015 година.

Најважните промени се целосно новата надворешност и дизајн, аеродинамичкиот пакет со кој е намалена максималната брзина на правци и е подобрена потисната моќ за стабилност во свиоци. Тука е и целосно новата мултилинк задна суспензија и анти-ролбар системот, унапреден Electronic Control Unit (ECU) систем (електроника) и подобрен заштитен кафез (ролбар) според последните стандарди на ФИА.

“Endurance” верзијата исто така е достапна за натпреварувачите кои се заинтересирани да учествуваат во VLN и 24h сериите со дополнителни светла, ладење за возачот и ABS сопирачки. Новиот Civic Type R TCR продолжува со долгото и успешно партнерство помеѓу Honda и JAS Motorsport кое започна во 1998 година, за подоцна да стане поинтензивно со развојот на првиот Civic Type R за кружни и рели натпревари.

Уште од тогаш развиените Civic-и од ЈАЅ и помогнаа на фабриката на Honda да станат Светски туринг шампиони (WTCC) во 2013 како и нивните партнерски тимови да станат шампиони во Европскиот туринг куп (ETCC), TCR Germany, Middle-East, Italy и Benelux сериите како и победа на легендарната градска трка на Макау. Новиот Civic Type R TCR ќе им се приклучи на 19-те модели и 300+ автомобили со TCR спецификации кои се натпреваруваат низ целиот свет.

Сопствениците на првите 25 автомобили кои ќе ја започнат 2018 TCR сезона, ќе започнат да ги добиваат од 15 Декември, па затоа заинтересираните ќе мораат да побрзаат со нарачките и да ги контактираат менаџерите од ЈАЅ за да го избегнат разочарувањето.

„Почестени сме и возбудени поради најавата денес, дека ќе им овозможиме на новите сопственици да го купат новиот Honda Civic Type R TCR за следната сезона. Најголема благодарност испраќаме до Honda за продолжувањето на поддршката за овој проект. Новиот автомобил покажува голем разбој во неколку области и тоа: аеродинамика, суспензија и електроника. Нашиот прв автомобил Civic Type R TCR веќе победи во пет шампионати, а се наоѓа во тек на освојување на уште осум оваа година во Европа и Азија. Нашата цел е да се осигураме дека новиот автомобил ќе продолжи да се натпреварува и победува.“ – изјави Мадс Фишер, лидерот на JAS Motorsport TCR проектот.

Check Also

WTCR Словакиаринг: Доминацијата на Hyundai на квалификациите, се претвори во доминација на VW групацијата на првата трка

На доста топло време денес, на патеката Словакиаринг крај Братислава се одржа првата трка од …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *