Wednesday , November 21 2018
Breaking News
Home / Latest Articles / Ова е огромниот BMW X7 кој излегува во 2019!

Ова е огромниот BMW X7 кој излегува во 2019!

BMW X7 претставува најголемиот теренец кој досега е претставен од страна на Баварската компанија

Овој модел ќе се натпреварува во класа со Mercedes-Benz GLS, Audi Q7 и со некои Американски теренци. BMW X7 е огромен. Долг е 5.1 метри, широк 2 метри и 1.8 метри висок. Дизајнот е карактеризиран со огромна предна решетка, можеби поголема од било кој модел на BMW. Прозорите се несекојдневно големи, а височината на подот на овој теренец посочува на тоа дека Баварската компанија работела и на некои офроуд способности.

X7 исто така рапсолага со огромен багажен простор кој варира од 326 литри до 2.120 литри. По она што се гледа, BMW целат на Американскиот пазар со овој модел. Помеѓу многуте додатоци и можности, една од дополнителните опции е држач за чаши кој лади и грее, во зависност од желбата на возачот и патниците. За оние аудиофилите, ова е вистински бисер, кој располага со Bowers & Wilkins Diamond, 1.500 ватен 3Д музички систем.

На располагање ќе бидат четири агрегати и тоа: xDrive40i – 6-цилиндричен 3 литарски бензински агрегат со 340КС и 450Њм вртежен момент, xDrive 50i – 4.4 литарски V8 агрегат со 462КС и 650Њм вртежен момент, кој исто така е бензински агрегат. Исто така следат и два дизел агрегати кои располагаат со 3 литри и 6 цилиндри со 265КС и 620Њм вртежен момент, додека најголемиот дизелски агрегат располага со 3 литри и 6 цилиндри кој ослободува 400КС и 760Њм вртежен момент.

Check Also

WTCR: Верне со победа во првата трка, Хаф ќе мора да почека за 11-та рекордна победа

Францускиот возач Жан-Карл Верне дојде до изненадувачка победа, кој буквално ја украде од фаворитот за …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *