Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Ова е Pontiac Ghost Car, првиот целосно транспарентен автомобил

Ова е Pontiac Ghost Car, првиот целосно транспарентен автомобил

Уште во 1939 година, General Motors во обид да му ја покажат на светот нивната визија за автомобилската иднина, го создадоа она што стана познато како „Pontiac Ghost Car“

Автомобилот „Pontiac Ghost Car“ е признат како прв транспарентен автомобил досега направен во Соединетите Држави и само од оваа причина, го зацементира своето место во американската автомобилска историја. Станува збор за прекрасен, извонредно изработен автомобил целосно од плексиглас на шасија на Pontiac Deluxe Six од 1939 година и да, опстојува до ден-денес. Дури се верува дека сеуште е функционален, иако никој не е доволно луд да го изнесе на улица.

Идејата за овој автомобилот се роди кога GM се подготвуваше за Светскиот саем во Њу Јорк во 1940 година. Автомобилската индустрија во САД цветаше и скоро секое домаќинство од средната класа поседуваше барем еден автомобил. GM сакаше да го искористи тоа за дополнително да ја зголеми продажбата, па затоа тие бараа нешто да претстават на шоуто што порано не било покажано.

Во 1940 година, Ghost Car доби надграден преден дел и решетка. GM побрзаа да направат втора ваква реплика од плексиглас, овој пат на Torpedo Eight шасија, која се појави на изложбата на саемот во 1940 година на Трежр Ајленд, во заливот на Сан Франциско. Оттогаш е изгубен вториот направен автомобил, додека првиот преживеа до ден денес.

Всушност, тој се појави во 2011 година, кога на аукцијата на РМ Сотби му беше ставена цена од 308,000 американски долари. Во 1942 година, GM го пушти првиот примерок да се појави на Смитсонијан, каде останува до 1947 година, кога веќе не се сметаше за интересен или доволно свеж примерок за да остане на изложба. Потоа, беше испратен низ САД до разни претставништва на Pontiac, пред да стане дел од приватна колекција.

Кога беше продаден во 2011 година, автомобилот имаше 86 милји (138 км) на километражникот, доказ дека станува збор за функционален автомобил, а во меѓувреме стекнал некои видливи пукнатини и мали козметички недостатоци. Подоцна беше продаден како изложбен примерок.

Без оглед на тоа кој ја претставил цената за автомобилот, таа изнесувала околу 25.000 американски долари, што било вистинско богатство во тоа време. Воедно, GM обезбеди место во автомобилската историја за тоа што го создаде првиот транспарентен автомобил направен во Америка. Добра инвестиција за да се влезе во историјата, што мислите вие?



Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *