Monday , July 6 2020
Home / Latest Articles / Ова се победниците на Дакар 2020

Ова се победниците на Дакар 2020

Со денешната 12 етапа заврши најдолгото и најтешкото рели на светов…

После долги 12 дена денес заврши Дакар Рели 2020, воедно и првото издание од третото поглавје во Саудиска Арабија

Возачот на Honda Рики Брабек со само две етапни победи ја прекина 18 годишната доминација на КТМ во категоријата моторцикли и стана првиот Американец кој победил на Дакар.

„На крајот ги склопивме деловите од мозаикот. Не можев да успеам без сите возачи и механичари од мојот тим. Многу сум среќен. Ова е мој петти Дакар и второ завршување. Се разбудив утрово среќен дека ќе го возам последниот ден. На целта сме, победивме! Моравме да бидеме паметни и да се фокусираме секој ден. Немаше време за грешки и немаше најдобар во тимот, сите работевме заедно.“ – изјави Брабек.

Кај автомобилите, Карлос Сајнц со оваа победа дојде до трета победа на Дакар, запишувајќи четири етапни победи оваа година. Интересен е фактот дека секоја победа ја освои со различен автомобил. во 2010 со VW, 2018 со Peugeot и 2020 со Mini.

„Пресреќен сум. Позади оваа победа стои огромен напор и желба. Многу тренинзи,  физички и психички… Започнавме да го победуваме Дакар уште од првиот ден и притискавме уште од стартот. Им благодарам на целиот тим кој дадоа се од себе за оваа победа.“ – изјави Сајнц.

Со седум победи од 12 извозени етапи Андреј Каргинов дојде до победа во најголемата и најтешка класа – Камиони. Ова е втора победа за него и за неговиот Kamaz тим, откако во 2014-тата дојде до победа на Дакар со четири етапни победи. На втората позиција на подиумот се искачи неговиот тимски колега Антон Шибалов, додека трет заврши Сергеј Виазович кој не успеа оваа година до прва победа, после минатогодипната втора освоена позиција.

Во категоријата SSV Кејси Кари стана вториот Американец кој победил на Дакар. Ова за него е прва победа во оваа класа и планира да продолжи со исто темпо.

„Двајца Американци на први позиции. Јас сум позитивно потресен. Шон и мојот тим завршија феноменална задача. Возилото беше во топ фора во текот на целото рели. Ова за мене е најемоционалната победа досега и нема никогаш да го заборавам ова искуство. Количината на притисок која беше на мене беше огромна и затоа го сакам ова рели. Се враќаме следната година да ја одбраниме титулата. Исто така многу сум среќен за Рики Брабек, тој ја заслужи победата повеќе од мене.“ – изјави Кејси Кари.

Во категоријата четвороцикли до победа дојде Чилеанецот Игнасио Касале на кого ова му е трета Дакар победа после двете во Јужна Америка.

„Прекрасно е чувството да се биде овде. Ова е трета Дакар победа за мене. Презадоволен сум бидејќи беше долга и тешка трка. На почетокот имав проблеми, но успеавме да ги решиме колку што можевме. Работевме напорно со механичарите во текот на целата година, а сега можеме да ја славиме победата. Благодарам многу и… Да Живее Чиле!“ – изјави Касале.

Check Also

Bugatti Pur Sport… Да, Bugatti Pur Sport

Bugatti почнува да личи на нешто. Bugatti Pur Sport почетно требаше да биде претставен на …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *