Tuesday , June 25 2019
Breaking News
Home / Latest Articles / Од последна до четврта позиција за Стефановски на Мизано

Од последна до четврта позиција за Стефановски на Мизано

Овој викенд на патеката Мизано се одржува втората рунда од TCR Италија

Игор Стефановски заедно со неговиот Stefanovski Racing тим овој викенд го започнуваат нивниот настап во Националниот шампионат TCR Италија. Поради проблеми со автомобилот Cupra TCR на квалификациите, Стефановски не успеа да се квалификува подобро од 16-тата позиција од 16 возачи.

Иако стартуваше последен, Стефановски со агресивно и точно возење успеа да се пробие до четвртата позиција во првата трка, завршувајќи за четири секунди позади победникот Марко Пелегрини (Hyundai). На втората позиција заврши Енрико Бетера (Audi), додека последното место на подиумот го освои Ерик Скалвини во Cupra.

Позади Стефановски на петтата позиција заврши Матео Бергонзини, пред Феликс Вимер, Петер Грос, Давид Нардили, Матео Греко и Масимилиано Мили.

Ова е добар старт за Стефановски, а очекуваме уште подобри изданија во иднина. Втората трка е на програмата утре од 10:50 часот со директен пренос на фејсбук страницата на TCR Италија.

Check Also

WTCR Нирбургринг: Светол старт за Volkswagen на денешните слободни тренинзи

Стартува најтешкиот предизвик за Светскиот туринг куп После завршетокот на денешните слободни тренинзи на озлогласениот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *