Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Опасен одрон на карпи на јужниот излез од Велес, проблемот стои со години…

Опасен одрон на карпи на јужниот излез од Велес, проблемот стои со години…

На јужниот излез од Велес веќе одамна демнат огромни карпи кои искрено, делуваат доста опасно во моментот кога се поминува на патот.

Досега делуваа опасно, но после овој одрон, овој дел дефинитивно веќе не делува, туку стана опасен за проаѓање.

Како што може да се види по фотографиите, огромен дел од карпите е паднат, но се очекува и се страхува дека останатиот дел кој е поголем, во секој момент може да падне.

Одронот го покри патот, но и железничката пруга која го поврзува јужниот дел од Македонија во правец на Грција, a сообраќајот е тотално блокиран.

За среќа во овој опасен случај жртви нема, ниту повредени, но алармот за опасност треба да остане на највисоко ниво, за што побрзо не само расчистување, туку и превземање на соодветни мерки за решавање на овој долгогодишен проблем…


Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *