Monday , March 30 2020
Home / Latest Articles / Откажан е стартот на Европското првенство на ридски патеки на Рехберг

Откажан е стартот на Европското првенство на ридски патеки на Рехберг

И трката на Рехберг стана жртва на паниката од корона вирусот…

48-то издание на ридската трка на Рехберг во Австрија нема да се одржи на закажаниот термин на 25 и 26 март, после одлуката која беше донесена од организаторите.

Единствено моментално што се дискутира е дали е возможен алтернативен датум на есен или трката едноставно ќе се откаже.

Моментално, поради страхување од корона епидемијата голем број на настани се откажани, а во моментов не е ниту сигурно дали воопшто ќе се одржува Европското првенство на ридски патеки.

Австриската влада одлучи да превземе мерки за да се ограничи епидемијата со тоа што забранети се било какви собири за повеќе од 100 луѓе на отворен простор или повеќе од 500 во затворен простор до крајот на март.

Check Also

Агрегати што „вртат“ до 20.000 вртежи (ВИДЕО)

Во светот на атмосферските агрегати единствен начин да ја подигнете силата на вашиот автомобил или …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *