Wednesday , December 12 2018
Home / Latest Articles / Официјално, започна Рели Шоу Санта Доменика

Официјално, започна Рели Шоу Санта Доменика

Најголемото Рели Шоу на нашите простори, вистинскиот спектакл на четири тркала, започна денес со шејкдаунот и церемонијалниот старт

Локација: Света Недеља, Хрватска.

После долгите најави и исчекувања за најголемиот спектакл на овие простори – Рели Шоу Санта Доменика, дојде денот и за неговиот старт, поточно стартот на 9-тото издание на ова Рели Шоу. Како што најавивме, успеавме и овој настан да го ставиме во нашиот календар, како последна трка за оваа сезона.

Пријавени се 106 возачи, од кои 40 се најдоа на стартот на шејкдаунот. 11-те R5 автомобили од различни марки дефинитивно беа вистински празник за очи, уши и душа, бидејќи доста се двоеа од останатите автомобили поради нивната огромна сила која ја пренесуваат на погонот на сите тркала. После шејкдаунот кој траеше од 14:00 до 16:00 часот, на програмата беше церемонијалниот старт во центарот на Света Недеља кој стартуваше во 18:30 часот.

Најбрз кај автомобилите со погон на сите тркала беа Унгарците Сандор и Ребека Оле позади волан на Skoda Fabia R5 кои шејкдаунот го извозија за 1:15.9, а беа за една секунда побрзи од нивните сонародници Јанош Балог и Даниел Холчер исто така позади волан на Skoda Fabia R5, додека третопласирана посада беа исто така гостите од Унгарија Петер Ранга и Адам Фодор во Skoda Fabia R5 со заостанување од една десетинка позади второпласираните Балог и Холчер.

Додека кај автомобилите со погон на две тркала најбрзи беа познатата двојка Владица Рабреновиќ и Петер Хенел позади воланот на Peugeot 208 R2 за кои мерните единици застанаа на 1:31.4, а беа побрзи за 4.5 секунди од второпласираните во категоријата на автомобили со погон на две тркала, Дарио Шамец и Флориан Шалец во Peugeot 206 RC, додека трети во оваа класа на целта на шејкдаунот пристигнаа Јан Мрак и Лука Куштрин во MG ZR 105 со време од 1:36.4.

Утрешната акција започнува во 08:30 часот наутро со првиот од четирите закажани брзински испити. Подолу, погледнете го видеото и видете как изгледаше шејкдаунот:

Check Also

WTCR: Hyundai ги потврди четирите возачи за следната сезона

После кратките шпекулации за тоа кој ќе биде дел од силниот тим кој победува, сега …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *