Thursday , October 18 2018
Home / Latest Articles / Официјално: М-Sport Ford Fiestа WRC 2018

Официјално: М-Sport Ford Fiestа WRC 2018

На прагот на новата WRC сезона, тимот на М-Sport ја најави финансиската и техничката поддршка од Ford со откривање на автомобилот за 2018 сезона…

Со ова Ford официјално се враќат во Светскиот Рели Шампионат преку тимот на M-Sport, откако се повлекоа како официјален фабрички тим од шампионатот во 2012. Ford Fiestа WRC 2018 ќе располага со 1.6 литарски 4-цилиндричен турбо агрегат кој од себе ослободува 480КС и 450Њм вртежен момент.

6-степениот секвенцијален менувач беше развиен од M-Sport и Ricardo, додека погонот на четирите тркала располага со механички преден и заден диференцијал, како и централен активен диференцијал.

„20-годишната соработка помеѓу M-Sport и Ford донесе неверојатен успех на сите нивоа на рели натпреварувања, а тоа е нешто на што сме многу горди, како на моделот Fiesta кој постави стандарди кај многу рели натпреварувачи и натпревари низ целиот свет. Минатата година им дадовме поддршка на M-Sport со развој на нова Fiesta која резултираше со победа во шампионатот, додека во 2018 нашата цел е да им дадеме уште поголема поддршка.“ – изјави Марк Рашбрук, глобалниот директор за моторспорт на Ford.

Check Also

Мартин Делев после Скопски Круг: За оваа патека потребен е сериозно подготвен автомобил!

Мартин Делев и покрај проблемите со автомобилот кои ги има низ целата година, се одлучи …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *