Saturday , December 7 2019
Home / Latest Articles / Пеколно време и жестоко возење на Малачка крај Сплит

Пеколно време и жестоко возење на Малачка крај Сплит

На мојата тркачка турнеја низ балканот како претставник од БрзКруг, после кружната трка во Бања Лука, се најде ридската трка Малачка крај Сплит која одамна стоеше во мојата агенда…

Владимир Анастасовски за БрзКруг

Изминатиот викенд на патеката Малачка се одржа ридска трка која се бодуваше за Хрватскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки. Прекрасната конфигурација и моја омилена ридска патека веднаш над Сплит, овој пат собра околу 70 возачи кои ги мереа своите сили на врелиот асфалт.

Временските услови на патеката беа задоволителни и покрај претоплото време, организација беспрекорна, но сепак со мали пропусти, поточно нечистата патека во првите 400 метри, поради кои голем број од возачите не беа баш задоволни.

Сепак, за сите возачи условите беа исти, а можев да проследам доста квалитетно возење од страна на неколку возачи. Покрај Хрватските возачи настапија и неколку возачи од Црна Гора меѓу кои Немања Кашчелан, Марко Тујковиќ, Марко Даниловиќ и Рајо Радојчиќ. Како и секогаш, бев импресиониран од перфектното возење на Хрватските возачи Дејан Димитријевиќ (Seat Leon 600+КС) и Maрио Јуришиќ со неговиот спектакуларен автомобил Audi A4 ST со погон на сите тркала, кој извози на највисоко ниво како и секогаш.

Имаше и неколку незгоди, а најголемата му се случи на Домагој Перековиќ, на кого автомобилот му се запали поради дефект во доводот за гориво на неговото ѓаволско Mitsubishi Lencer EVO 9 со преку 800КС. Неговиот неверојатен тим успеа да го оспособи автомобилот преку ноќ, поради што сите присутни беа импресионирани од брзината и спретноста на механичарите.

Но сепак, во неделата се случи друг проблем, за на првата трка во неделата пак да се запали, овој пат со проблеми со црево за течност на серво воланот. Оваа година Перековиќ нема многу среќа, неговиот автомобил се запали четири пати во текот на досегашната сезона, а имаше и сериозен удар на претходната трка.

Црногорскиот возач Немања Кашчелан кој беше во блиска борба со супер брзиот Дејан Копајтиќ, на стартот мораше да се откаже поради проблем со моторот. Во класата N-2000 имаше Црногорска борба, а на првата позиција на подиумот се искачи Марко Тујовиќ, пред Марко Даниловиќ и Филип Петковиќ.

Овој пат победата во генерален пласман ја однесе Ласло Шаш од Дубровник Рејсинг со Formula Reynard Zytec F3000, пред Петар Дајак (Gloria C8F). Трето вкупно време имаше Дејан Димитријевиќ, пред Марио Јуришиќ и Дејан Копајтиќ.

Целосните резултати од двете возења можете да ги погледнете подолу:

 

Check Also

WRC: И покрај новите три посади во Toyota, Латвала останува во тимот

Финскиот возач Јари Мати Латвала не успеа да го задржи своето седиште во Јапонскиот тим …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *