Sunday , January 26 2020
Home / Latest Articles / Официјално: Пепе Ориола ги најави своите планови за 2018

Официјално: Пепе Ориола ги најави своите планови за 2018

Шпанецот се враќа во домашниот Campos Racing…

Пепе Ориола, најмладиот победник на трка во Светскиот шампионат на туристички автомобили (WTCC) ги најави плановите за оваа сезона. Тој се враќа во стариот тим со кој настапуваше во WTCC шампионатот позади воланот на еден од Cupra автомобилите на Campos Racing.

Ориола досега имаше доста возбудлива кариера. Тој последен пат во WTCC шампионатот настапи во Макау во 2014-тата, а од тогаш е редовно во првите неколку возачи во новоформираната Интернационална TCR Серија, во борба за титулата во сите три сезони во кои настапуваше за Craft-Bamboo Racing позади воланот на SЕAТ Leon TCR.

Шпанецот оваа сезона ќе се натпреварува со новиот бренд на SEAT, Cupra, во Светскиот туринг куп WTCR, а негов тимски колега ќе биде Џон Филипи.

„Ова ќе биде доста комплицирана сезона, но воедно и доста пријатна, а ќе ги искористам сите можности што ќе ми ги пружи автомобилот и тимот. SEAT секогаш биле покрај мене и ми верувале како возач уште од мојот почеток, а јас ќе пробам да ги наградам за тоа на патеката со добри резултати. Пресреќен сум што ќе потврдам дека настапувам со целосно шпански тим во Светскиот туринг куп. Се познаваме помеѓу себе многу години наназад, а ова ќе биде како бонус во овој шампионат.“ – изјави Ориола.

Check Also

WRC Монте Карло: Катастрофалното излетување на актуелниот шампион От Танак (ВИДЕО)

Актуелниот шампион во Светскиот рели шампионат От Танак не ја започна сезона како што очекуваше. …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *