Saturday , July 20 2019
Home / Latest Articles / Перфектна организација на Кичево 2 (Извештај)
Жестоката борба помеѓу Василевски и Георгиевски

Перфектна организација на Кичево 2 (Извештај)

После долгата организација на второто издание на кружната трка Кичево можевме да видиме дека целиот труд на организаторите се исплател, до последна капка пот…

Изминатиот викенд на патеката во Кичево, се одржа втората трка од шампионатот на Македонија на кружни патеки, во организација на Custom Car Racing. Момците се потрудија организацијата да биде на највисоко ниво и успеаа во тоа.

„Трката и организацијата помина во најдобар ред. Имавме мали проблеми со министерство за одбрана. Имавме некое недоразбирање со цената за изнајмување на патеката и мислам дека прескапо ја плативме патеката. Ја плативме по цена поголема од сите до сега што правеле трки во Кичево. После се, треба да поразговараме на повисоко ниво и да видиме што ќе се случи.

Како организатори презадоволни сме од комплетниот викенд. Најважно беше трката да помине без незгоди и повреди кај возачите, а тоа и се случи. Мислам дека направивме добра трка и докажавме дека можеме да правиме трки.

Преносот во живо успеа беспрекорно, имавме огромна гледаност, а бројката од преку 35.000 кажуваат дека толку гледан пренос немало до сега за било каков настан. Следна актиност ни е картинг трка во Скопје, а во план ни се три картинг трки, за кои исто така најавуваме беспрекорна организација.“ – изјави Миле Делев, организаторот на трката.

Георгиј Наков до победа

Во класата Југо, воедно и најинтересната класа, прв стартуваше Димитриј Кимовски, иако не се бодуваше на оваа трка бидејќи тој располага со Српска лиценца. Но после неколку кругови тој мораше да се откаже од водството поради дефект на менувачот на автомобилот. Борбата за првата позиција остана да се води кај Филип Василевски, Георгиј Наков и Александар Георгиевски, кои сите го даваа најдоброто од себе за повисок пласман.

Василевски продолжи да ја води трката, но после неколку кругови Наков го превзема водството и го задржа се до целната линија, освојувајќи победа. Позади него гледавме вистинска борба помеѓу Василевски и Георгиевски, каде победник излезе Василевски освојувајќи ја втората позиција пред Георгиевски, додека четврти пристигна Никола Попевски, а најмладиот дебитант досега на трките во Македонија Михаил Делев, заврши на шестата позиција, но покажа импресивно возење за прв пат.

Мартин Делев под притисок

Во класата до 1400 кубни сантиметри славеше Мартин Делев пред Коста Николовски, и двајцата во автомобили Peugeot 106, каде во неколку наврати видовме доста блиско возење помеѓу нив, но сепак Мартин Делев излезе како победник.

Орхан Амет без сериозна борба до победа

Во класата до 1600 кубни сантиметри очекувавме дека ќе видиме многу поинтересна борба помеѓу ветераните Орхан Амет и Благоја Димитровски, но Димитровски се најде во проблеми, па затоа мораше да се задоволи само со третата позиција, додека победнички славеше Амет, пред Филип Џуклески и Христаки Давитковски.

Давид Малинковски со убедлива победа

И во класата до 2000 кубни сантиметри очекувавме голема борба за првата позиција после саботните тренинзи. Но поради проблем со возилото, Даниел Блажевски мораше да се помири дека нема да стартува, па затоа борбата остана да се води помеѓу Давид Малинковски, Југослав Милошевски и Марко Мишевски.

Во првите кругови, Милошевски успеваше да се држи блиску до Малинковски при што на повидок беше голема борба, но сепак неговиот автомобил имаше мали проблеми поради кои не можеше да го држи брзото темпо кое го одржуваше Малинковски, па затоа единствено што му остана е да ја брани втората позиција од Марко Мишевски.

Во тоа не успеа бидејќи мораше да се повлече од трката, за Мишевски да ја земе втората позиција, а Милошевски третата поради доволно извозени кругови процентуално од целосниот број на кругови. Трката не ја завршија Бојан Петрушевски и Дејан Георгиевски.

Во класата Е1 над 2000 кубни сантиметри сам беше Ненислав Петковиќ кој од 20 кругови ја заврши трката со извозени 16, во втората дивизија заедно со натпреварувачите од класата Е1 до 2000 кубни сантиметри.

Следната трка е на познатиот Скопски Круг, за која датумот сеуште не е дефиниран.

Check Also

Ристо Вуков со трета стартна позиција на Берановац

Овој викенд на воениот полигон Берановац крај Краљево во тек е третата рунда од Српскиот …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *