Saturday , October 31 2020
Home / Latest Articles / Петар Богатиновски со одличен настап на Ада Хуја во Србија

Петар Богатиновски со одличен настап на Ада Хуја во Србија

Младиот Петар Богатиновски продолжува со успесите во картинг натпреварувањата

Изминатиот викенд на патеката Ада Хуја во Србија се одржа картинг трка која се бодуваше за српскиот и за шампионатот на Централно Европската зона.

На саботните квалификации Богатиновски ја освои пол позицијата во неговата класа Rotax Micro Max и тоа за една десетинка пред најблискиот ривал. Во неговата класа имаше шест возачи од кои двајца се од Хрватска.
Конкуренцијата во таа класа е доста силна бидејќи на српските возачи ова име домашна патека, а тимот на Богатиновски имаше доста проблеми додека да го најде вистинското подесување на картингот.

На двете трки од ЦЕЗ шампионатот Петар заврши на втората позиција, додека тој пласман беше доволен за прва позиција во српскиот шампионат.

„Во првата трка видовме дека Леон Зеленко, гостинот од Хрватска е многу поискусен и веднаш се избори за првата позиција, а Петар се мачеше од сите страни да го пројде, но не успеа во тоа бидејќи Зеленко се бранеше перфектно.

Во втората трка Петар стартуваше од втората, според пласманот од првата трка. Петар уште во првиот круг се најде на првата позиција која ја држеше два круга. После тоа Зеленко го пројде за лидерскта позиција и успешно се градеше исто како и во првата трка.“ – изјави неговиот механичар Коста Николовски.

Петар и неговиот тим се задоволни од резултатот и со нетрпение ја олекуваат следната трка која ќе се одржи во Птуј, Словенија.

Check Also

WTCR: После доминацијата на Хунгароринг, Хонда ќе добие најголема тежина на Арагон

Münnich Motorsport, ќе мора да додаде максимум тежина на своите автомобили за Арагон овој викенд …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *